Пукна пријателството меѓу Аца Лукас и Ивана Селаков, се скараа поради долгови

Пејачите Аца Лукас и Ивана Селаков се скараа поради долг од 21.000 евра. Како што пренесуваат медиумите, пејачката му должи на Лукас за песната „Сватови“, која пејачот ја испеа пред 30 години. Од продукцијата на пејачот, „Хајп“, велат дека Селаков не го испочитувала договореното.

Поради долгот, продукцијата и Лукас ја тргнаа песната од „Јутјуб“ по само 24 часа откако беше објавена.

„’Сватови’ е нивна дуетска песна и еден од најстарите хитови на Лукас. Снимена е пред 30 години. Кога некоја песна се обработува дополнително, во нов ангажман, изведувачот кој сака да ја обработи повторно, е должен да ги плати авторските права на оригиналниот изведувач. Плус дуетската песна како колаборација со пејачот со кој го реализира дуетот. Во овој случај тоа не се случило и менаџментот на Селаков не го испочитува договорот. Тогаш реагираше Лукас и ја отстрани песната од ‘Јутјуб’“, стои во соопштението на продукција „Хајп“.

Се огласи и пејачката Селаков која вели дека таа е таа која била измамена.

 

„Сите кои ја следите мојата работа со години, знаете колку труд и енергија вложувам во секоја песна и колку се трудам од срце да го дадам најдоброто за вас публиката. За жал, јас сум измамена и морално и материјално од страна на дует соработниците на песната „Сватови“. Целата идеја на проектот беше моја, како и вложениот труд околу реализацијата на песната и правото од авторите на новата верзија. Поради голема непрофесионалност од другата страна, спотот во овој облик се повлече од „Јутјуб“, но, наскоро ќе имате можност да го слушнете во нова верзија. Фала ви на сите што сте со мене оваа година. Ве сака Ивана“, напиша пејачката.

За потсетување ова е четврти нивен дует. Првиот „Далеку си“ го снимија во 2012 година, вториот „Омакло ми се“, во 2014, а две години подоцна, тие повторно соработуваа и ја објавија песната „Љубав во доба кокаин“.

 

 

 

Scroll to Top