Синоќа регионов го растажи веста за заминувањето на Љубиша Самарџиќ Смоки, којпочина на 81-годишна возраст.
Поедини јавни личности преку друштвените мрежи се збогуваа од актерот, а објавата на пејачката Јована Пајиќ привлече посебно внимание поради количината емоции кои можат да се почувствуваат во нејзините зборови:
-„Пуштете ме да сонувам и сакам луѓе.“ Сите легенди кои нѐ напуштија, со кои сме пораснале и сите филмови кои нѐ потсетуваат на некои убави, добри, стари времиња. Ти благодарам на убавото и среќно детство. Вечна слава Шурда.“ – напиша сопругата на фронтменот на бендот „Тропико бенд“.
Покрај Јована и пејачот Никола Роквиќ се збогува со Љубиша на Инстаграм:
-„Збогум легендо. Нека ти е вечна слава!“ – напиша Никола.