QUEEN SENSATION – еден од најдобрите трибјут бендови во светот вечерва ќе настапи во Скопје

QUEEN SENSATION, еден од најдобрите трибјут бендови во светот вечерва во 20 часот ќе настапи во Скопје, во салата на Филхармонијата.

Од 2006 година, настапуваат ширум светот, воодушевувајќи ја публиката во Бразил, Кина, Европа, Африка, Русија, Јужна Кореја и многу повеќе, повторно оживувајќи ја магијата на безвременските хитови и изведби на Queen.

На 24.11 се одбележуваат 32 години од заминувањето на легендата и иконата на QUEEN лидерот со неповторлив глас Фреди Меркјури, датум на кој Queen Sensation во Скопје ќе ја претстават нивната безвременскa магија и постоење, а воедно и го продолжуваат величенственото наследството на музичката икона на групата Queen.

Концертот е во организација на МГ Мјузик Продукција.

Scroll to Top