Рада Манојловиќ исфрлена на улица

Минатата година фолк-пејачката Рада Манојловиќ купила стан во Белград, но на газдата му останала должна. Таа му дала поголем дел од парите, ама сепак му должела уште многу пари. Бидејќи повеќе од шест месеци не го доисплатила луксузниот стан во населбата Врачар, сопственикот на станот ја исфрлил на улица.

Според извор за српскиот магазин „Ало“, Рада целосно го опремила станот, купила нов мебел за целиот стан, ама истовремено дала и многу пари за песни и снимање спотови. Потоа на газдата му рекла дека нема пари за да му го доплати станот и дека тој ќе мора да ја почека уште неколку месеци.

Ова го налутило, по што ѝ дал рок од неколку дена да си ги собере работите и да се исели. Тој ѝ ги вратил парите што му ги платила дотогаш, а станот повторно го дал во оглас за продажба. Според „Ало“, човекот веќе нашол купувач за станот.

 

 

Scroll to Top