Рада Манојловиќ ќе помага во истрагата на полицијата

Како што пишува српски Курир, во рамките на истрагата која се води за кражбата во вилата на Саша Поповиќ, на сослушување ќе бидат повикани некои пријатели и познаници на Поповиќ, но и некои пејачи на „Гранд“ продукција, чиј директор е Саша.

Меѓу нив може да се најде и Рада Манојловиќ, која истакнува дека ќе и биде драго да помогне да се најдат виновниците на криминалното дело.

Се шокирав кога слушнав дека крадци влегле во домот на Саша. Сметам дека законот под итно мора да се промени и сопственикот на имот максимално да се заштити. Нека се огледаат малку на Америка и Саудиска Арабија кога се во прашање крадците. Верувам дека нашата полиција интензивно работи на случајот. Секако, ако полицијата смета дека ние пејачите можеме да помогнеме, јас сум тука, ќе кажам се што знам, вели Рада во изјава за Курир.рс.

Scroll to Top