Пејачката Рада Манојловиќ и нејзината сестра Маја имале тежок период во своето детство кога останале без мајка си, која, за жал, прерано починала како последица од тешка болест.
Нејзината мајка починала во 2005 година кога Манојловиќ наполнила 20 години. На овие фотографии се забележани некои од најубавите моменти од животот на Рада и Маја, кога славеле родендени во друштво на својата мајка, но и фотографии од секојдневието. Се забележува дека двете Манојловиќ многу личат на својата мајка.
Улогата на нивната мајка во домот ја презела новата сопруга на нивниот татко, Сунчица.
Рада често споменуваше дека Сунчица е заслужна за нивното натамошно растење и воспитување, но, сепак, една е мајка