Српската пејачка Рада Манојлевиќ проговори за кавгата со еден од најпопуларните српски фолкери Аца Лукас.
Рада и Аца не се во најдобри односи подолго од пет години, а една од најбараните и најатрактивни српски пејачки за првпат проговорила на оваа тема.
„Лукас е посебен, има специфични шеги на своја, но и на туѓа сметка. Треба како таков да го прифатиме. Никогаш не сум проговорила за тоа, но повеќе од пет години тој и јас не зборуваме, а причината за тоа е неговата кавга со Милан Станковиќ. Тие отворено не се поднесуваат, а Лукас давал изјави од типот дека доколку не бил Саша Поповиќ, Милан и понатаму ќе бил медицинска сестра во Обреновец.
Со самото тоа што бев во врска со него, Лукас ме провоцираше и мене. Се сеќавам дека кога Милица Павловиќ во ‘Ѕвездите на Гранд’ ја пееше мојата песна, Аца ѝ рече дека сè е супер, но дека песната е глупава и дека не може да ја слуша. Тој беше тотално против нас, а јас само се повлеков“, изјавила Рада.
А за тоа дали по пет години нешто се променило во нејзиниот однос, особено кон Лукас, Рада изјавила:
„И јас пораснав и умеам да одговорам, да провоцирам. Повеќе нема да му молчам“.
И двајцата потоа се смириле, па дури и заедно гостувале во емисијата „Амиџи шоу“.
„Тој прво ми пријде, а кај Огњен Амиџиќ за првпат заедно седевме во една телевизиска емисија. Се случувало тој да дојде на тезга, да се поздрави со сите освен со мене, па така и јас, кога работиме им јавувам на сите музичари, освен на него. Меѓу нас имаше сериозна војна“, вели Рада.