Раде Шербеџија од публика ја бодри ќерката Луција во полуфиналето на шоуто „Ѕвездите пеат“

Актерката Луција Шербеџија и нејзината менторка Иванка Мазуркијевиќ се пласираа во финалето на хрватското шоу „Ѕвездите пеат“. Инаку Луција е ќерка познатиот актер Раде Шербеџија која во први редови од публиката ја бодрел ќерка си.

Раде аплаудирал и уживал во секој настап на својата ќерка, а жирито во еден момент го спомна и го пофали настапот на Луција и Иванка.

„Колку имаш идентични завршетоци. Гласот ти пука на иста фреквенција. Верувам дека оваа песна си ја пеела многу пати на забави, сакав да те пофалам што пееш со различен глас, а тоа е секогаш голем плус “, изјавил Марко Тоља по изведбата на песната „Ти си пјесма моје душе“ од Мате Миша Ковач.

Scroll to Top