Актерот Раде Шербеџија откри дека многу силно го погодила веста за смртта на Милена Дравиќ. Актеркската легенда на југословенските простори не напушти ноќта на 79 годишна возраст.
„Две и пол години, откако Милена се разболела сите се трудевме да и помогнеме, да и олесниме“, раскажа Раде Шербеџија.
„Изгубвиме вистинско боженство, чесна глумица, а пред се еден голем и искрен пријател. Веста навистина ме погоди, ми недостига“, изјавил Шербеџија.
„Милена беше филмска активист, секогаш на висина на својата задача. Подготвена, одлучна и храбра. Секогаш на страна на слабите и несреќните. Секогаш против неправдата и секогаш против глупостите. И против властите како такви. Како вистинска хероина секогаш на страна на својот народ и својата публика“, изјавил Раде Шербеџија.
Милена, како што вели Раде Шербеџија, сакала да го прегрне целиот свет, затоа што само така се чувствувала среќна.
„Благоста на нашата Милена доаѓаше од нејзината детска заиграност во животот. Секогаш беше подготвена да си игра, да фантазира и да сонува од почеток. Со своите топли дланки го прегрнуваше секој нов ден и секој нов филм“, вели актерот.
Шербеџија е убеден дека Милена никогаш нема да ја заборавиме.