Ракометарот Лука Циндриќ вторпат стана татко

Хрватскиот ракометарот Лука Циндриќ (29) доби син, а оваа веста ракометарот ја сподели на неговиот Инстаграм профил. Тој и неговата сопруга Лара Стипетиќ решиле да го крстат синот Рикард, кој се роди на 18-ти месецов.

Парот пред три години првпат станаа родитекли на ќерката Алиса.

Да потсетиме, Лара и Лука Циндриќ го избраа јули минатата година за својата венчавка во парохиската црква Св. Крст. На свадбата присуствувале членови на семејството и близок круг на пријатели.

Исто така, меѓу гостите беа и колегите на Циндриќ, Марин Шипиќ, Филип Ивиќ и Блаж Јанц. Атмосферата ја подигна пејачката Маја Шупут  која го сподели првиот танц на младенците.

Невестата Лара носеше бел фустан со барокен цветен дезен, спуштени раменици и нагласено деколте.

И двајцата се од Огулин, и таму ја започнаа нивната љубовна приказна. Како Лука, така и Лара играше ракомет, а две години по ред беше меѓу најдобрите стрелци на ЖРК Огулин и ја доби наградата за најдобар спортист на Огулин.

Таа учествуваше и во изборот за најубава спортистка на Карловачката жупанија каде беше прогласена за втора вицешампионка.

Лука започна да игра за Хрватската национална лига во 2012 година за РК Карловац. Од 2014 година е дел од хрватската ракометна репрезентација, а лани тој потпиша договор со Барселона, а претходно го носеше дресот на македонските клубови Металург и Вардар.

Scroll to Top