Раните на лицето на Ана Николиќ не се од дрога и алкохол, туку од лоши ласерски третмани, тврди тиктокер од Србија

Тиктокер од Србија под името Мича во видео објаснува од што може да се појават промени на лицето на српската пејачка Ана Николиќ. Тој вели дека станува збор за лоши ласерски третмани на лицето, а не од дрога и алкохол како што пишуваат на социјалните мрежи.

„Најверојатно сите го видовте видеото кое кружи на социјалните мрежи, и ајде да видиме од што промените на лицето може да бидат. На видеото кое кружи велат дека тоа е од алкохол и синтетичка дрога кристал, метамфетамин кој е сличен на кокаинот и метамфетамин и може да предизвика промени на лицето, но какви? – Но вакви како на Ана Николиќ, сигурно, не. Кај зависниците од метамфетамин се јавуваат лезии на кожата кои настануваат како последица на „копање“ на лицето. Она што најверојатно се случило и на што мене ми личи е последица на лоши ласерски третмани што често се случува кога одите кај нестручни и приучени „лекари“ или козметичари. Споделувањето на овие снимки не му помагаат на никој, дури ниту на пејачката“, вели тиктокерот.

@ascericmpoštujte žene!

♬ Blade Runner 2049 – Synthwave Goose

Scroll to Top