Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, вчера доживеа сообраќајна несреќа во Сараево. Во несреќата била предизвикана само материјална штета, а ниту раперот, ниту лицето што било во другото возило, не се повредени.
Откако двајцата виделе нема голема материјална штета, секој од нив си продолжил по својот пат, пишуваат регионалните медиуми.
Ова не е прва несреќа на раперот во овој период. Тој и во март, исто така, имаше слична сообраќајна незгода. И тогаш никој не беше повреден.