Распродадена „Штарк арената“ за концертот на Марија Шерифовиќ

By

Марија Шерифовиќ на својот инстаграм-профил им се заблагодарила на своите фанови во пресрет на концертот кој в четврток, на 24 мај, ќе се одржи во „Штарк арената“.

Поп-ѕвездата вели дека е горда што два дена пред големиот солистички концерт повеќе нема ниту еден билет за продажба.

Шерифовиќ изјавила дека сега опуштено може да се подготви за својот музички спектакл, кој почнува в четврток во 20 часот.

Гостин на концертот ќе биде Лепа Брена, а Шерифовиќ изјавила дека таа ноќ ќе биде преполна со емоции.

 

 

Ќе ви се допадне