Српскиот рапер и продуцент Стефан Ѓуриќ Раста ќе помине 30 дена во притвор, откако Вишото јавно обвинителство на Белград го обвини за трговија со дрога. Раста (30) беше уапсен во петокот во центарот на Белград со пет грама марихуана, а потоа полицијата извршила претрес во неговиот стан и пронашле уште еден килограм марихуана.
Според српски „Курир“, Раста се бранел дека марихуаната е за лична употреба и дека не е дилер на дрога. Ако биде осуден, тој може да добие до 12 години затвор.
„Го обвинуваат дека чувал марихуана за продажба, и сите знаат дека тој не е дилер, туку дека тој ја конзумира. Мислам дека одредениот притвор е неоснован затоа што тој е јавна личност, со цел да се покаже дека и славните завршуваат зад решетки“, изјавил за српските медиуми адвокатот Вук Туфегџиќ.
За Раста и претходно се шпекулираше дека ужива во забранети супстанции, а пејачот неколку пати се фотографирал со марихуана. Тој неодамна беше критикуван кога објави слика со својата ќерка Тара (2) покрај базен, а на насата зад нив имаше џоинт.