Српскиот рапер и продуцент Стефан Ѓуриќ – Раста е уапсен во Белград, пренесуваат српските медиуми. Раста бил фатен со неколку пакетчиња марихуана во центарот на градот. Освен што го уапсила, полицијата наводно ќе го претресува и неговиот стан.
Официјална информација или потврда засега нема ниту од него ниту од неговите адвокати.
За потсетување, Раста беше во брак со пејачката Ана Николиќ со која ја има ќерката Тара.