По бројни одлагања, разговори и преговори, првите луѓе на „Гранд продукција“ постигнаа договор за емитување на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тие се договорија да продолжат да го емитуваат шоуто на телевизија „Прва“, на која се прикажуваше и досега.
Оваа потврда стигна откако името на шоуто беше вратено во програмскиот распоред на телевизијата, па првата емисија во Србија ќе се прикаже вечерва, а снимањата ќе продолжат од понеделник.