Ричард Гир од Југославија кој беше во брак со внуката на Тито: Актерот Ранко Зидариќ денес живее поинаку

Хрватскиот театарски  и филмски актер, Ранко Зидариќ, беше познат по тоа што многумина го споредуваа со  холивудскиот актер Ричард Гир, па затоа го доби прекарот „Гир од Југославија“ .  Дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб во 1990 година. Така стана член на Драмски театар Гавела. Тој беше во брак со Саша Броз во 90-тите години, внуката на Тито, со неа има ќерка Сара, а во моментов е во брак со Ивана Ухлик, со која ја доби ќерка Зора.

Денес тој е слободен актер и ретко зборува во јавноста за неговите ангажмани во театарот и избегнува интервјуа.

Овој актер имал повеќе од педесет улоги во филм. Дебито го оствари во 1988 година во филмот на Зафрановиќ „ Haloa: Praznik ku*vi “, заедно со актерката Неда Арнериќ. И токму кога неговата кариера се движеше во нагорна линија тој се повлече од медиумите, но остана да работи во театарот.

 

 

 

Scroll to Top