По повод десетгодишнината од самопрогласување независност на Косово, пејачката со албанско потекло Рита Ора подготвува специјално изненадување за своите сограѓани.
Рита, која е родена во Приштина, на социјалните мрежи објави дека ќе присуствува на одбележување на десетгодишнината од самоопределувањето на Република Косово.
„Многу сум возбудена што ќе ви се приклучам на Косово на прославата на 10-годишната независност на 17 февруари. За да го обележам ова празнување, дизајнирав и дуксер, па сите ќе имате спомен од ноќта што ќе ја минеме заедно. Се гледаме наскоро“, напиша таа.
I am so excited to be joining all of you in Kosovo to celebrate the 10 year anniversary of Independence on Feb 17! To mark this occasion I have created this hoodie (https://t.co/1CywzLoYzx) so you can all have a memory of this night we will share together…See you soon. 🇽🇰 pic.twitter.com/TnmyKyPAgA
— Rita Ora (@RitaOra) 14 February 2018