Родителите ја омажиле на сила на 14 години, на 18 години се венчала третпат

Српската пејачка Злата Петровиќ зад себе има три брака. Таа првпат се омажила на 14 години, родителите ја омажиле на сила. По две години избегала од мажот и брзо потоа се развела. За него одамна изјавила дека никогаш не го сакала.

Вториот маж ѝ е пејачот на народна музика, Хасан Дудиќ. Со него се омажила кога имала 16 години. Со третиот маж, Зоран Пејиќ – Пеја, се венчала кога наполнила 18 години. И од него се развела. Од браковите со нив двајца родила по едно дете.

За Злата, еден од сопствениците на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, рекол дека е најголемата љубов во неговиот живот. Таа пред многу години одбила да се омажи за него.

 

Scroll to Top