Родителите ме тераат да се омажам и да родам дете, а јас немам ни дечко, пејачката Милица Тодоровиќ искрено за љубовниот живот

Српската пејачка Милица Тодоровиќ не крие дека сака да стане мајка и да основа семејство, но дека во моментов нема дечко. Ако дојде некој кој ќе го освои нејзиното срце, таа е подготвена веднаш да му роди  дете, што особено би ги израдувало нејзините родители.

„Порано, моите родители не ме тераа да се омажам и да родам дете, но во последно време тоа го прават многу често. Постојано ме прашуваат кога ќе станат баба и дедо. Би сакале да имаат внуче и јас ги разбирам затоа што тоа е нешто природно. Сепак не може кога сакаат, затоа што немам ни дечко. Ама утре да се заљубам одма ќе забременам би сакала да имам три деца, бидејќи многу ги сакам малите“, изјавила пејачката, која открила дека нема да го смени презимето кога ќе се омажи.

„Сите ме знаат како Милица Тодоровиќ, па би си го задржала своето и би го додала презимето на мојот сопруг. Мојот иден сопруг ќе мора да го разбере тоа, бидејќи ми е важно поради работата што ја работам. Покрај тоа, неговата поддршка ќе ми биде многу важна. Не би издржала сама со некој што е морбидно љубоморен. Немам ништо против љубомората во нормални дози, дури и здрава е и прифатлива“, смета пејачката, додавајќи дека не и е грижа за професијата на нејзиниот иден партнер, туку за некои други работи.

„Не ме интересира дали момчето со кое сум во врска е фудбалер или актер, туку дали ме почитува и разбира. Многу ми е важно тој да има нешто во главата, за да можеме да разговараме за се. Едвај чекам да најдам таков, за конечно да основам семејство. Не ми се допаѓа никој во моментов, заљубена сум во себе“, се пошегувала Милица во нејзин стил.

Нејзината последна врска беше со актерот Петар Стругар, а раскинувањето се случи по пет месеци.

Scroll to Top