Розовата телевизија повторно ги отвора вратите за Македонците

Македонските талентирани музичари кои сакаат својот талент да го покажат пред регионалната публика ќе можат да се пријават за учество во новата сезона на „Пинкови Ѕвезди“ и „Пинкови Ѕвездички“.

Аудицијата ќе се одржи на 25-ти август (петок) со почеток во 11 часот во просториите на ТВ Сител, македонската телевизиска куќа која ќе ја пренесува нова сезона на популарните музички шоуа.

Во недостиг на домашно шоу, Македонците со нетрпение ја очекуваат и аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“ надевајќи се на голем успех како што тоа го имаше нашиот фантастичен пејач Ристе Ристески, но до овој момент нема никаква информација за нејзино одржување.

Scroll to Top