Сакаат да го отрујат Александар Вучиќ или да му го срушат авионот

Војислав Шешељ изнел застрашувачко предупредување до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Шешељ го предупредува Вучиќ дека му се подготвува атентат и дека треба да биде многу внимателен. Шешељ смета дека некој сака да го отруе претседателот на Србија и го предупредува дека може да му стават нешто во храната. Исто така, смета дека може да го ликвидираат со тоа што ќе му го соборат авионот.

„Некој сака да го отруе Александар Вучиќ или да го ликвидира со соборување на авионот или труење со храна“, изјавил Шешељ за медиумите.

„Во последните 150 години ни убија кнез, крал, министри и премиер, остана уште претседател“, предупредува Шешељ.

Scroll to Top