Сакам да станам мајка и да имам свое дете, открива Јелена Розга

Хрватската пејачка Јелена Розга изјави дека сака да се оствари како мајка. Таа во интервју за „Слободна Далмација“ зборувала за своите животни планови, при што ја открила својата желба.

Розга зборувала и за својот емотивен живот, а споменатиот медиум открил дали нејзиното срце моментно му припаѓа некому.

„Секогаш е зафатено“, одговорила таа и продолжила да раскажува за семејството и внуците.

„Многу се гордеам со нив, внука ми порасна во големо девојче, кое знае што сака и си има свој пат, а внук ми е дете што уште открива работи, премногу е сладок. Се гордеам што се добри луѓе. Се разбира, повеќе од сè би сакала да имам свое дете“, рекла таа.

Пејачката ќе има концерт во Белград, а билетите за два месеца пред неговото одржување веќе се распродадени.

 

Scroll to Top