Сама, без никого, немам пари ни за леб: некогаш популарната српска актерка Оливера Катарина заборавена од сите

Српската актерка и пејачка Оливера Катарина, која во март наполни 80 години, во повеќе наврати јавно зборувала дека со години живее тешко, а сега се нашла во особено непријатна ситуација, пишуваат српските медиуми.

Оливера живее како кираџика иако зад себе има големи успеси во целиот регион, но и во светот. Поради финансиската ситуација, принудена е од еден изнајмен стан да се сели во друг.

„Се селам од еден во друг стан. Немам сопствен стан и затоа мора да се селам“, рекла Оливера.

Таа раскажала дека е заборавена од колегите и пријателите, но дека си го зачувала достоинството и дека нема никого да моли.

„Осамена меѓу четири ѕида, заборавена од повеќето пријатели и колеги. Јас, сепак, го зачував своето достоинство и не сум депресивна. Никого нема да молам“, изјавила актерката за  „Глорија“.

Таа пред неколку години јавно зборуваше дека тешко живее, но и дека имало период кога немала ниту леб.

„Имаше моменти во мојот живот кога немав ни за леб. Имаше многу тешки моменти. Кога немав ништо. Ниту сега немам ништо посебно. Живеам во изнајмен стан, што, ќе се согласите, е чудно што во текот на мојата кариера не стекнав ниту стан ниту нешто друго. Да бев во Холивуд, веројатно, ќе живеев во најлуксузната населба. Американците ги ценат своите уметници, а тука можете да бидете не знам каков талент и да немате ништо од тоа. Извинете, ве молам, ама тука разноразни пејачки се многу богати и живеат во некои замоци. Живеат на висока нога. Дали знаете како живеат уметниците? Тие живеат премногу тешко. Поети, сликари и скулптори – како живеат, тие си знаат, тоа е страшно“, вели некогашната актерка, која зад себе има многубројни актерски улоги, како и албуми и песни.

 

 

Scroll to Top