Самоубиство или му пресуди мафијата: 36 години од смртта на Ипе Ивандиќ, тапанарот на првата постава на Бијело Дугме

На денешен ден се навршуваат 36 години од смртта на тапанарот на првата постава на Бијело Дугме, Ипе Ивандиќ. Без него, многумина тврдат дека популарната група не би ја доживеела славата што ја имала на југословенските простори.

Во 70 -тите години Ипе заедно со Бјело Дугме заминале во Америка на снимање на еден од албумите. Проблемите започнале непосредно после тоа. Како 23-годишник Ипе е уапсен поради поседување на дрога. Во таа прилика е осуден на три години затвор кој го отслужил во Фоча. Меѓутоа, и тој немил настан бил голема мистерија.

– Прашањето е која била вистината. Кружела приказна како Ипе купил дрога само половина килограм, а дилерот му подвалил уште 2,5 килограми. Наводно, не бил свесен дека за половина килограм дрога добил 3 килограми, што значело и поголемо обвиненине против него -, изјавил во таа прилика Роберт Бубало,  човекот што направи документарец за групата.

Со почетокот на војната во Југославија, членовите на Бјело Дугми се растурија секој по свој пат, а Ипе замина во Белград. Се самоуби на 39-годишна возраст, на 12 јануари 1994 година, со скок од шестиот кат на белградскиот хотел “Метропол“.

– Сметам дека Ипе сам не се уби, туку го ликвидира мафијата кај која многу се задолжи. Наводно должел 140.000 марки, – вели поранешниот тапанар на Бјело Дугме, Милиќ Вукашиновиќ.

Претходно, токму во тој хотел Ипе ја запозна љубовта на својот живот, Драгана Тешиќ со која го доби синот Филип. Во тој период отвориле кафуле во Белград во кое неговата сопруга требало да пее, но набргу го затвориле.

Драган во една прилика изјавила дека Ипе не извршил самоубиство.

– Шест години бев во животот на Ипе, се до 12 јануари 1994 година кога е пронајден мртов токму таму каде што се запознавме, во белградскиот хотел „ Метропол“. Тврдам дека Ипе не се дрогираше, но се сомневам дека извршил самоубиство, – ова го изјавила неговата сопруга Драгана Ивандиќ во 1996 година.

Scroll to Top