Сања Куџет го промени имиџот за „Ѕвездите на Гранд“

На Сања Куџет очигледно ѝ здодеаја рамната коса и елегантната фризура па за снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ избра да биде дива и огнена.

Додека ѝ ја правеа фризурата Сања го снимаше и фотографираше целиот процес, а кога сè беше готово, гордо го покажа крајниот резултат.

„Да, тоа сум јас“, напиша Сања покрај фотографиите од салонот на својор фризер Мистер Икс.

Се разбира, имаше голем број коментари на сметка на нејзиниот нов имиџ, кои во голема мера беа позитивни.

„Необична, но и понатаму прекрасна“, напишал еден нејзин обожавател.

 

 

Scroll to Top