Сандра Африка ќе глуми во претстава

Пејачката Сандра Африка изјави дека добила можност да работи како глумица. Режисерот Драган Маринковиќ Маца ја ангажирал за неговата претстава под името „Кој ти ја тресе црешата“.

„Јас и Драган сме пријатели долго време. Тој дојде до идејата да го отпеам рефренот за песната за претставата“, изјавила Сандра Африка за српските медиуми.

Пејачката откри дека нема да ја има многу во кадар и дека се појавува само во еден момент на крајот на претставата.

„Кога глумците можат да пејат, зошто ние пејачите да не можеме да глумиме“, изјавила кратко Сандра за медиумите.

 

Scroll to Top