Сара Јо ја отвори Парадата на гордоста во Осло

Српската аренби-пејачка Сара Јо пееше на отворањето на Парадата на гордоста во главниот град на Норвешка и настапи пред неколку илјади луѓе.

Настапот како дел од норвешката гордост дојде по минатогодишниот концерт што Сара Јо го одржа во Копенхаген како дел од WorldPride, настан што ги обединува членовите на ЛГБТИ-заедницата од целиот свет.

По позитивните реакции на публиката во Данска, организаторите на „Осло прајд“ решија да ѝ дадат можност на пејачката да стане првата пејачка од овие простори што ќе настапи на овој настан годинава.

Настапот на Сара Јо во Осло беше и можност за промоција на „Евро прајд“, која ќе се одржи во Белград од 12 до 18 септември. 

„Бескрајно сум благодаренa за ваквите можности. Среќенa сум што “Белград прајд“ го ​​препозна во мене амбасадорот на ‘Евро прајд’, кој нè очекува. Публиката во Осло беше неверојатна. Драго ми е што лично имав можност да ги поканам да дојдат во Белград, но и сите ние изведувачите подготвуваме програма за паметење“, рече Сара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oslo Pride (@oslopride)

Scroll to Top