Саша Ковачевиќ го уценила девојка му дека ќе го остави ако не ја венча

Девојката на Саша Ковечавиќ, Зорана Тасовац го уценила пејачот дека ќе го остави, ако не ја венча до крајот на годината, откри нивен близок извор. Саша кој неодамна имаше здравствени проблеми, сега е во уште поголема неволја, вели тој.

Зорана со која е во врска пет години, го уценувала и барала што побрзо да се ожени со неа. Не ѝ се допаѓа што има статус на вечен ерген, иако живеат веќе три години заедно. Смета дека заслужува да стане госпоѓа Ковачевиќ.

„Зорана му рече дека треба да се венчаат бидејќи пет години не сака да ја нарекуваат девојка и дека нивната врска се пишува како несериозна. Го уцени дека ќе го остави ако не се венчаат до крајот на годината. Саша во шок ѝ речр да не се грижи, бидејќи тој веќе размислувал за тоа“, откри изворот.

Scroll to Top