Саша Ковачевиќ проговори за девојката

Пајачот Саша Ковачевиќ приватниот живот го крие од јавноста, но кон крајот на летото потврди дека е во врска со Зорана Тасовац. Тој не сака да ја експонира девојката во јавноста, ама во интервју за српскиот магазин „Хелоу“ открил дека е заљубен до уши.

„Повеќе сакам нашата врска да остане настрана од јавноста, така ќе бидеме посреќни“, рекол Саша.

Тој додал дека не се верени и дека ако се случи тоа, самиот ќе каже.

„Не правам ништо тајно. Кога ќе се верам сите ќе знаат, нема да биде тајно. А дали сум подготвен за женидба, па, ќе видиме, времето ќе покаже“, додал пејачот.

Scroll to Top