Српскиот пејач Саша Ковачевиќ јавно кажа дека најмногу што му смета кај неговите колеги е нивната суета и поради тоа не се појавува на прославите за време на нивните промоции на нови песни и албуми.
„Суетата е присутна речиси кај сите колеги и колешки ѝ тоа е нешто што многу ми смета. Мене често ми велат дека сум волк самец. Не сакам претерано да се појавувам по медиумите, настаните и промоциите. Се повлеков затоа што таквото чувство ми годи. Не чувствувам дека припаѓам на оваа естрада ѝ не ми е убаво со неа“, изјавил Ковачевиќ.
Пејачот вели дека не планира да прави голема свадба со неговата девојка Зорана. Вели дека ќе се соберат само семејството и најблиските пријатели.
„Би сакал да биде нешто интимно. Веројатно ќе бидат десетина мои најблиски луѓе и пријатели. Би сакал малку луѓе за што поубаво да си поминеме“, вели Саша.
Ковачевиќ неколку месеци ја криеше својата врска од јавноста, а многумина веруваа дека тоа е така, затоа што Зорана претходно била во брак и има дете.
„Се криевме затоа што не сакавме да се пишува за тоа, а не затоа што јас имам проблем со тоа што таа од претходниот брак има дете. Од друга страна јас ја образувам нејзината ќерка ѝ ја гледам како своја“, вели Ковачевиќ.
„Ако некој ме праша дали сакам да ми се повтори 2018 година, мојот одговор ќе биде потврден. Како и за сите, љубовта и среќата ми се на прво место. Од минатата година сум задоволен кога станува збор на деловен план. Ќе се потрудам во 2019 година да ја израдувам публиката со уште повеќе песни и некои нови проекти. Во моментов имам во план да одам на одмор за да ги наполнам батериите за нови победи“, вели Ковачевиќ.