Пејачот Саша Ковачевиќ зема стероиди и платил 5000 евра за операција за мускулите и носот во Турција. За неговиот изглед пишуваа некои од медиумите кои пренесоа дека користел филтери и дека досега направил голем број естетски корекции на телото, а тоа може да се види и од промените кај него од почетокот на кариерата, коментираат фановите.
„Саша изгледа како извајана грчка скулптура и речиси и да нема место на телото каде што нема мускули“, коментираат некои од нив, а други пак пишуваат дека користел ботокс за да ги пополни образите и подигне веѓите.
View this post on Instagram
Ковачевиќ е повеќе од 15-тина години на музичката сцена и самиот има признаено дека бил во Турција каде направил трипати операција на носот, но заради здравствени причини.
„Трипати ги оперирав синусите, затоа што повеќе од 20 години имам проблем со алергиите и на секои 6-7 години го решавам проблемот со носните школки. Тоа беше причината заради која бев во Турција. Го искористив периодот кога немав настапи и можев да си дозволам да бидам отечен“, рече тој.
View this post on Instagram
Додаде дека нема предрасуди за естетските корекции, но дека не направил ништо од она за што се шпекулира. Неодамна даде интервју за српскиот весник Hello каде зборуваше и за врската со неговата девојка Бојана Тасовац, со која се заедно веќе 7 години.
Рече дека сака да стане татко и дека наскоро може да стапат во брак. Посакува и нивната свадба да биде на егзотична локација, само со најблиските.