Саша Матиќ ја купи куќата на Његош

Фолк-пејачот Саша Матиќ платил 400 000 евра за куќата на Петар Петровиќ – Његош што се наоѓа во Пераст, на црногорското приморје. Пејачот и неговото семејство секоја година летуваат на Јадранот, па решиле наместо да отседнуваат во хотел, да купат имот. Црногорските медиуми пишуваат дека сопругата на пејачот веќе ја преуредува куќата. Една соба ќе биде студио за компонирање.

Прв сосед на Матиќ во Пераст ќе му биде Горан Бреговиќ, пренесуваат медиумите. Бреговиќ пред неколку години купил вила во вредност од два и пол милиони евра, а потоа во близина на вилата купил и хотел.

Scroll to Top