Саша Поповиќ има големи проблеми поради Карлеуша и Лукас

Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој со децении го води едно од најуспешните музички натпреварувања „Ѕвездите на Гранд“, во моментов има големи проблеми поради пеколот што му го приредуваат Јелена Карлеуша и Аца Лукас.

Иако Лукас и Карлеуша со години се членови на жирито во шоуто, заедно со Вики Милјковиќ, Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Драган Стојковиќ Босанец, расправијата пред крајот на минатата сезона, која не можат да ја надминат, направи голем раздор.

Поповиќ се обиде да ги среди односите меѓу нив, но не успеа. Јелена изјавила дека нема никаков контакт со колегата и дека тој како нејзин некогашен пријател не можел да ја заборави.

„Поради тоа што Јелена и Аца се расправаат и не сакаат да комуницираат, Саша Поповиќ има голем проблем. Сега целиот проект во кој има многу вложено трпи. Сите други трпат поради нив“, вели извор близок до Поповиќ.

Аца веќе изјави дека не сака да биде дел од екипата на „Ѕвездите на Гранд“, а на Поповиќ тоа не му се допадна.

Карлеуша ќе остане, но Саша ги сака сите заедно. Поради тоа со недели се шпекулира дека би можел го замени Аца и дека Карлеуша ќе даде отказ доколку тој остане.

„Јелена јасно дала до знаење дека Поповиќ нема да молчи на забелешките на Лукас, а Аца бараше од Саша да ја замолчи Јелена. Саша се обидува да го убеди Лукас да остане во жирито, но тој од него бараше да ја смири Јелена. Поповиќ, пак, разговарал со Јелена за да ја смири нервозата. Сè уште не се знае како ќе заврши целата работа, затоа што и двајцата се однесуваат како да се во градинка“, изјавил изворот.

Соработниците го советувале директорот на „Гранд“ пред да почне сезоната членовите на жирито да потпишат договори во кои ќе има точки кои ќе прецизираат дека секој кој ќе стане од столчето наменето за жирито ќе сносни последици и ќе биде парично казнет.

Познато е дека тој е голем професионалист и дека ништо не препушта на случајот. Поради тоа интензивно размислува дали во новата сезона да донесе нов член или, пак, уште еднаш да разговара со Лукас. Јасно му е дека проблемот меѓу нив ќе биде тешко решлив, но знаејќи го Поповиќ, тој сигурно добро ќе размисли пред да го повлече следниот потег. Соработниците го убедуваат пред да почне новата сезона да направи договор со кој членовите на жирито нема да можат така лесно да станат од столчињата и да си заминат, додава изворот.

За потсетување, Јелена Карлеуша и Аца Лукас се скараа поради еден кандидат, по што Карлеуша ја вмеша и Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која Аца е во одлични односи.

 

 

 

Scroll to Top