Саша Поповиќ ја подбра Карлеуша: Секаде беше забранета, по „Ѕвездите на Гранд“, хонорарот ти порасна до плафон

Јелена Карлеуша станала ѕвезда откако била дел од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, рекол Саша Поповиќ во интервју. Тој рекол дека цената за настапите на пејачката се зголемиле за 300 проценти.

„Ја ценам Јелена. Таа шест години беше дел од „Ѕвездите на Гранд“. Колку таа беше од значење на шоуто толку и тоа за неа. Ако ви кажам дека таа ја зголеми цената на своите настапи за 300 проценти во период од 2015 до 2020 година. Денес не можете да ја имате Карлеуша на настап без да платите 12,13 или 20 илјади евра“, изјавил Поповиќ.

Тој додал дека пред пејачката да биде дел од шоуто, била забранета на сите национални телевизии.

На изјавата од Поповиќ, пејачката се огласи преку стори на Инстаграм и ја напиша нејзината страна од приказната.

„Го обожавам Сале. Се што кажа е вистина. За жал, целата моја кариера јас сум забранета, што е голема неправда и кршење на човековите права. Точно е и дека моите концерти чинат трипати поскапо. Сега сум најплатена. Точно е дека ми излезе во пресрет кога никој друг не сакаше, но поради ова јас цели шест години работев без да земам ниту денар, бидејќи сум добар човек кој знае да цени. Но сметам дека се оддолжив. Ѕвездите на Гранд со мене процветаа и имаа најголем пик. После мене, никој веќе не ги гледа. И за крај, драг мој Сале, доколку „Ѕвездите на Гранд“ се толку многу влијателни, зошто единствено на мене ми скокна хонорарот? – Затоа што јас се борев за тоа. Ќе повторам „Ѕвездите на Гранд“ без мене не постојат. Никој не пишува за вас, освен кога ќе ме спомнеш мене или некој кандидат пее моја песна“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

Карлеуша откри дека си заминала од шоуто откако побарала хонорар, но члениците на продукцијата ја одбиле.

Scroll to Top