Саша Поповиќ ѝ купил на баба Павлика орачи за трактор

Саша Поповиќ го исполнил ветувањето што ѝ го дал во февруари годинава на баба Павлика Јовичиќ. А тоа е дека ќе ѝ купи орачи за трактор.

Вредниот подарок на 77-годишната баба, како што самата вели, ѝ значел премногу, а Поповиќ го  испратол преку луѓето од „Гранд продукција“.

„Драго ми е што ја израдував Павлика и на тој начин ѝ ја олеснив работата што најчесто ја работат мажи. Многу ми е драго што ја запознав, што беше наш гостин во емисијата и што успеавме да ја усреќиме“, изјавил Поповиќ.

Како што додал Поповиќ, симпатичната баба секогаш е добредојдена во „Гранд продукција“.

За потсетување, баба Павлика имала само една желба, да ги поздрави Саша Поповиќ и жирито во „Ѕвездите на Гранд“, а директорот на „Гранд продукција“ заедно со емисијата „Експлозив“ ја донел на снимање на една емисија. Токму тука паднало и ветувањето дека ќе ѝ купи орачи, по што бабата се расплакала од среќа.

Scroll to Top