Саша Поповиќ на снимањето се појави со автомобил вреден 150.000 евра

Саша Поповиќ е еден од ретките од естрата кои без проблем можат да си дозволат што ќе посакаат,  особено кога станува збор за скапоцени автомобили, кои ги обожава.

Поповиќ во својата гаража има неколку машини, а сега на снимањето на емисијата на „Ѕвездите на Гранд“ стигна во една од омилените. Станува збор за автомобилот „BMW i8“ кој овој прочуен произведувач на автомобили го претставил како една од своите најомилени ѕвезди.

Играчката на Поповиќ се движи на хибриден погон, вратите се отвораат нагоре,  а цената изнесува околу 150.000 евра.

Поповиќ очигледно чекал убаво време да ужива во својот миленик, а како што се шушка, освен него во целата престолнина постои само уште еден ваков автомобил.

 

 

Scroll to Top