Саша Поповиќ негира дека купил земјиште на Авала

По повод информациите дека Саша Поповиќ купил стар објект и земјиште кај езерото Трешња на Авала, прес-службата на „Гранд продукција“ излегла со соопштение во јавноста.

„Информацијата дека директорот на ‘Гранд продукција’ купил земјиште и објект на Авала не е точна. Исто така, не е точно дека Саша Поповиќ го обиколувал езерото Трешња за да купи каква било недвижност на тоа место, со оглед на тоа дека на спомената локација тој никогаш не се движел. Ваквите и слични информации кои не одговараат на вистината само ја загрозуваат приватноста на Саша Поповиќ и неговото семејство и ја доведуваат јавноста во заблуда“, стои во соопштението.

 

 

Scroll to Top