Саша Поповиќ: Со Сузана имам секс секоја втора вечер

Саша Поповиќ (63) открил во „Ѕвездите на Гранд“ дека со сопругата води љубов секоја втора вечер!

Тоа признание од него го извлекла Јелена Карлеуша, која го провоцирала директорот на „Гранд“ да открие колку често води љубов со Сузана Јовановиќ.

Целата работа започнала кога кандидатот од Македонија го заборавил текстот од песната на „Здраво Чолиќ“, „Ти си ми у крви“, па наместо „Со поглед ме милуваш, како да ме допираш“, испеал „Со поглед ме милуваш, како да ме возбудуваш“, а на членовите на жирито тоа им било многу возбудливо.

„Не можеше подобро да го промениш текстот, ти си крал!“, констатирала Марија Шерифовиќ.

И на Аца Лукас му се допаднала оваа комбинација на зборови, па се надоврзал во ритамот на музиката.

„Со поглед ме милуваш, малку ме возбудуваш“, отпеал фолкерот.

Тогаш во разговорот се уфрлил и директорот на „Гранд“.

„Јелена би рекла „Ми-ми-ми-ми“, кажал Саша алудирајќи на тоа што Карлеуша во еден момент со тие зборови доживувала оргазам.

На тоа Јелена коментирала и го прашала Саша Поповиќ:

„Внимавај, ова е трета емисија како тоа го повторуваш. Тоа значи дека ти се има врежано во главата. Сале, кажи ми дали Сузана секоја вечер тоа го доживува“, заинтересирано го прашала Карлеуша, на што тој ѝ одговорил:

„Па, можеби не секоја вечер, но секоја втора, веројатно да!

 

 

Scroll to Top