Сè е лага, Здравко Чолиќ негира дека ќерка му украла 20.000 евра од семејниот сеф

Здравко Чолиќ ги демантира натписите во медиумите дека ќерка му Уна украла 20.000 евра од семејниот сеф. Неодамна во медиумите се рашири веста дека таа парите ги украла за да му купи автомобил за својот дечко. Пејачот преку својот пиар-тим сега излезе со соопштение во јавноста.

„На овој начин на семејството на Чолиќ му е нанесена штета. Ви се обраќаме за да го спречиме ширењето лажни вести и апелираме до сите медиуми да не учествуваат во креирање неточни информации, кои во преден план ги ставаат незаштитени одделни лица што не се јавни личности, како што во овој случај е ќерката на Здравко Чолиќ. Овој пат сакаме да истакнеме дека веста за наводното исчезнување на парите од домот на Чолиќ е апсолутна лага“, е наведено во соопштението, кое било испратено до редакцијата на „Блиц“.

„Сите медиуми што ја пренесоа оваа вест без претходна проверка ќе бидат санкционирани со сите расположливи правни средства. Чолиќ никогаш не комуницирал на овој начин со медиумите, а сепак кога е во прашање семејството, мора да се почитува одлуката на приватност и да се земат предвид сите морални и човечки кодекси. Пласирањето лажни инфоамции од новинарите сигурно ја зголемија читаноста на порталите, но исто така му нанесоа и штета на семејството и ја измамија јавноста во Србија, како и земјите од регионот“, пишува во соопштението.

Со демант излезе и ќерка му Уна, која напиша на „Инстаграм“.

„Е, сега е доста. Вакви лаги нема да толерираме. Како не ви е срам вака да ме загрозувате мене и моето семејство? Засрамете се, за ова следува тужба“, напиша Уна на „Инстаграм“.

За потсетување, пред неколку месеци медиумите пренесоа дека Здравко Чолиќ повикал полиција кога забележал дека од сефот му недостигаат 20.000 евра. Како што пренесе тогаш српски Курир, пејачот открил дека парите му ги зела ќерка му за да му купи автомобил за својот дечко.

Тие наводно отишле во салон за автомобили, каде што разгледувале неколку модели. Оној што им се допаднал не бил достапен, а двајцата им станале и сомнителни на продавачите затоа што биле многу млади и имале толку многу пари.

Чолиќ во меѓувреме забележал дека му недостигаат парите од сефот по што одма повикал полција. Како што пренесоа тогаш медиумтие, неговата сопруга Александра ги известила ќерките дека се ограбени, а кога Уна дошла дома, им признала сè.

Таа признала дека ги зела парите ѝ им се извинила на родителите затоа што ги ставила во незгодна ситуација, пренесе тогаш српски „Курир“.

 

Scroll to Top