“Се е спремно за зетот“, семејството на Богдана открива како утре ќе го пречекаат Вељко

Семејството Родиќ на големо се спрема за утрешната свадба. Мајката на идната невеста, Данијела Родиќ открива детали за свадбата на синот на Цеца и Богдана Родиќ.

„Се држиме добро засега, уште не плачеме. Во недела срцето ќе ни излета и солзите веројатно сами ќе течат од радост што нашата Богдана ја пронајде среќата, но и што официјално заминува од дома“,  открива мајката на Богдана, која утре ќе се омажи за Вељко Ражнатовиќ . Таа додава дека за Вељко и неговото смеејство подготвуваат специјално послужување.

“Подготвуваме мезе, пити, печење за да го пречекаме зетот. Двете баби на Богдана помагаат околу подготовките. Идната невеста нема дилеми околу презимето, па ќе го земе на сопругот и ќе биде  Ражнатовиќ’, вели нејзината мајка.

Богдана веќе одамна во нејзиното опкружување сите ја нарекуваат госпоѓа Ражнатовиќ, пишуваат српските медиуми

Scroll to Top