Се јави Северина по скандалот со новите фотографии

Северина за првпат се огласи во јавноста по новиот скандал со фотографиите на кои  пејачката е гола. Пејачката го откажа концертот што за првпат требаше да го одржи во Нирнберг.

Северина во својата објава на „Фејсбук“ им се заблагодари на организаторите.

„Вечерашниот настап во WON клубот е одложен. Им се заблагодарувам на организаторте во Нирнберг и на сите вас за разбирањето. Жал ми е бидејќи ова требаше да ми биде првиот настап во Нирнберг, а организаторите максимално се потрудија вечерва да имаме незаборавна вечер. Наскоро ќе го објавиме новиот термин за настап“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Фотографиите од голата пејачка за кратко време го обиколија регионот, а многумина се прашуваат како истите завршиле во јавноста. Дали Северина самата ги објавува или е во прашање нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ или, пак, станува збор за хакер?

Менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, прв се огласи во јавноста по најновиот скандал.

„Како и во случајот од пред месец дена, повторно се работи за одмазда на поранешниот партнер на Северина и континуирана кампања за дискредитација на мојот клиент, која трае веќе подолго време. Милан не бира средства за да ја дискредитира Северина“, тврди Петровиќ.

Доколку фотографиите се автентични и навистина станува збор за селфи, односно пејачката самата ги направила на својот телефон, експертите тврдат дека постојат неколку можности за тоа како тие завршиле во јавност. Една е фотографиите да останале на некој стар мобилен од кој таа се ослободила а некој друг успеал да стигне до него и подло да ги искористи без нејзина согласност. Другата е некој да го хакирал нејзиниот постоечки мобилен телефон или компјутер и да ги украде фотографиите од нејзините фолдери или база на фотографии. Во двата случаи би станувало збор за казнено дело. Ова е нешто со кое би требало да се позанимава полицијата, тврдат експертите.

 

Scroll to Top