Се јави Сораја за британски „Сан“

Сораја Вучелиќ која беше протерана од Србија пред недела дена, а која потоа беше прогласена за исчезната, се јави за британски Сан, раскажувајќи за наводната врска која ја имала со бразилскиот фудбалер Нејмар. Интервјуто кое било од спортска природа, настанало пред се поради престојното Светско првенство во Русија, во кое, како што е познато, во групната фаза ќе се сретнат селекциите на Бразил, каде игра Нејмар и Србија.

dobivaj vesti na viber

„Моето срце ќе биде на теренот. На која страна, ќе видите. Патриотизмот е на една страна и другата работа на друга страна. Им посакувам и на едната и на другата репрезентација среќа“, изјавила Сораја за Сан.

Сораја одговори и дали ќе патува за Русија.

„Јас сум поканета и понатаму размислувам да одам за Русија. Во кој било случај, сугрно ќе го гледам Светското првенство. Без разлика дали ќе бидам на стадионот или не. Тоа ќе го дознаете наскоро.

Сораја верува дека Србија има шанси да стигне далеку на Мундијалот, но под еден услов.

„Се се врти околу силата. Ако тимот не се троши надвор од теренот, верувам дека имаме добри шанси да стигнеме далеку. Србите ги имаат најтешките противници“, вели Сораја.

 

 

Scroll to Top