Се коцкав од досада, брат ми ме тепаше, а јас станав ѕвезда: Лепа Лукиќ за патот до славата

Српската пејачка Лепа Лукиќ, за многумина кралица на народната музика, реши да проговори за себе и својот живот. Зад себе има 50 години богата кариера, за која речиси никогаш не зборува. Таа во јавноста сподели некои интимни прикзани за нејзината кариера и семејството.

„Никогаш не бев свесна дека ќе станам толку популарна. Често пати кога седевме со мојата покојна мајка на кафе, ќе ме прашаше дали сонуваме или јас навистина сум го постигнала сето ова што го имавме“, почнува Лукиќ.

„Ќе ѝ одговорев дека ова не е сон“, раскажува пејачката.

Лукиќ вели дека нејзината мајка секогаш го слушала брат ѝ кој бил единственото машко во куќата.

„Тој не ме пушташе да пеам. Мислеше дека ќе пеам во некои кафани со пијаници. Дека мажите ќе ме буткаат и ќе ме тераат да правам недостојни работи. Мислеше дека ќе станам алкохоличар“, раскажува Лукиќ за односот кој го имала со нејзиниот брат.

„Брат ми мислеше дека ако пеам ќе станам бездомник. Знаеше да ме удри, ама јас продолжував да бидам упорна и да одам на аудиции. Никогаш не се предадов. Едноставно сакав да пеам“, искрена е Лепа.

Таа раскажува дека откако ја снимила песната „Од изворот на два патека“ нејзиниот брат заминал во војска. Вели дека му купила костум ѝ го испратила да служи воен рок. Тогаш се предомислил за нејзината кариера и бил среќен што неговата сестра станала позната музичка ѕвезда.

Лукиќ раскажува што сè и нуделе богатите мажи во тој период, само за да биде со нив и да ги забавува.

„Ми нудеа сè и сешто. Куќи, пари,  скапи одмори, накит. Но, јас никогаш не ги прифатив тие работи. Јас ги сакам обичните луѓе и сакам да бидам како нив. Мажите со кои сум била, ги запознавав по кафулиња. Имав еднаш долга врска. Бев пет години со еден од маж од Австралија. Се сретнавме на турнеја“, раскажува Лепа за бурниот живот.

Пејачката вели дека отсекогаш им била врена на мажите.

„Се обидов да бидам со едно момче од Минхен. Беше богат, но не ни успеа врската. Беше подготвен да ми даде сè, но јас не можев да останам со него“, вели Лукиќ која зад себе има три брака.

Со првите пари кои ги заработила, Лукиќ вели дека ја почастила мајка си.

„Кога ги заработив првите пари, купив облека за мајка ми, а потоа подигнав споменик за татко ми. Тој почина кога јас имав само две и пол години. По 30 години го изградив неговиот вечен дом“, се присетува пејачката.

Лукиќ откри и за проблемите со коцкањето. Тема за која вели дека ретко сака да зборува.

„Нека зборуваат за мене. Не ми е гајле. Јас ги трошам моите пари. Па не можам само да пејам и спијам.  Досадно ми е така. Заработувам како знам и умеам. Имам професија која ме исполнува и мое е како ќе ги трошам заработените пари“, завршува Лукиќ.

Scroll to Top