„Се надевам дека ќе излезам како подобар човек“, Михајловиќ за тешката борба со леукемијата

Тренерот на италијанскиот фудбалски клуб, Болоња Синиша Михајловиќ, на прес-конференција за новинарите, зборуваше за тешката борба со леукемијата. Србинот беше скромен во изјавите и со солзи во очите раскажа за тешкиот период кој го помина.

„Во ниту еден момент не се почувствував како херој. Јас сум само еден обичен човек, а оваа болест не се добива само со храброст. Потребна е лекарска нега. Да се биде во иста просторија четири месеци не е лесно, но се надевам дека после ова, ќе излезам уште подобар човек и пријател“, изјавил Михајловиќ.

 

Scroll to Top