Пејачката Ивана Банфиќ живее со сопругот и синот недалеку од Петриња, кое вчера го погоди силен земјотрес со јачина од 6.2. Како што пренесоа медиумите во Хрватска, имаше големи материјални штети и жртви.
„Сите што се обидувате да ме добиете на телефон, да знаете дека сите сме добро и сме живи. Епицентарот бил на 3 километри од нас. Ова е најстрашното искуство во мојот живот. Ќерамиди паднаа од покривот, сè се сруши, сè уште не сум била дома затоа што стравувам. Седам во комбето со моето дете и сопругот. Луѓето во Сисак се сите на улица, возат ранети соседи во автомобили и трупи бидејќи амбулантите не успеваат да земат сè“, пишуваат медиумите.
Таа додава: „Сè ќе се поправи, но нема да го вратиме животот ако го изгубиме. Можеме само да веруваме дека сè ќе биде добро. Тоа е единственото нешто што можеме да го направиме“, вели пејачката.