Се огласи Игор Којиќ за фотографиите со разголената Северина

Игор Којиќ се огласи во јавност по скандалот со фотографиите на неговата сопруга Северина. Тој објави фотографија од Париз на која е заедно со својот татко Кеба. Тој напиша дека Господ држи сè под контрола, што навестува дека не е премногу загрижен за новиот скандал во кој во центар на внимание е неговата сопруга.

„Не плашете се, Бог сè држи под контрола“, пишува под фотографијата на која е Игор и неговиот татко Кеба. Игор носи шал на Црвена Ѕвезда, а двајцата присуствуваа во Париз на мечот меѓу ПСЖ и српскиот тим во рамките на Лига на шампиони.

Северина засега не се има огласено во врска со новите серии експлицитни фотографии, освен на социјалните мрежи, каде што напиша дека го откажува концертот штотребаше да се случи во Нирнберг.

Во јавноста се огласи и нејзиниот менаџер, Томислав Петровиќ, кој исто како и во скандалот од пред месец дена, го посочи прстот кон нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, и го прогласи за виновен за изнесувањето на експлицитните фотографии на Северина во јавност.

 

 

 

Scroll to Top