Се огласи Шербеџија по веста за апсењето

Холивудската ѕвезда Раде Шербеџија заврши во американските медиуми откако порталот „ТМЗ” објави дека познатиот актер е уапсен поради возење под дејство на алкохол, а во автомобилот имало и шише виски.Шербеџија за „Ало” го демaнтира апсењето и ја раскажа својата верзија на настанот.

-Тоа се глупости, испив три чаши вино, платив казна на самото место и продолжив по својот пат. Не бев во полиција. Слободно напишете дека тоа се глупости кои не сакам да ги коментирам, изјавил Шербеџија.

Scroll to Top