Ања Стојковиќ, ќерката на легендарниот фудбалер на „Звезда“, Драган Стојковиќ – Пикси, се омажи вчера во Белград. Нејзин сопруг е автомобилистот Хуго Валенте со кого беше во врска со години. Двојката ја има ќерката Инди Роуз.
Венчавката на Ања била интимна, со мал број гости, а на церемонијата присуствувале семејствата и најблиските пријатели на младенците. Според српските медиуми, во април ќе има голема свадба со бајковита церемонија, а во мај ги очекува црковна венчавка во Србија.