Се ожени Горан Иванишевиќ

Поранешниот тенисер Горан Иванишевиќ пред неколку дена се ожени со радио-водителката Нивес Чановиќ. Двојката беше во врска повеќе од една година, а Горан ја побара за жена во текот на летото. Врската и веридбата долго време ги криеја од јавноста. И свадбата ја направија во тајност, во присуство само на најблиските роднини и пријатели, пренесуваат хрватските медиуми.

За нивната венчавка јавноста дозна дури откако Нивес објави фотографија на „Инстаграм“ на која носи венчаница, а напиша: „Ако те прашаат љубов моја дали ни е убаво, кажи – да, ние имаме се на светот!“

Хрватските медиуми пишуваат и дека медениот месец најверојатно ќе го поминат во Австралија заради работните обврски на Горан.

За Иванишевиќ ова е втор брак. Тенисериот долги години беше оженет со Татјана Драговиќ, која го остави откако дозна дека ја изневерува.

Scroll to Top